О.Богданци: Нов режим на сообраќај

Почитувани,

Ве известуваме дека во Понеделник, (21.12.2020) во периодот од 09.00 до 15.00 часот улицата „Маршал Тито“ во Богданци од општинската зграда до Бреботекс ќе биде затворена за сообраќај, заради сообраќајно уредување. За таа цел ги замолуваме сите граѓани кои ги имаат паркирано своите возила во овој дел од главната улица, како од левата така и од десната страна, да ги отстранат истите со цел непречено поставување на новата хоризонтална сигнализација.

ВАЖНО: Во понеделник од 15.00 часот започнува новиот режим на сообраќај во Богданци. Ова значи дека улицата „Маршал Тито“ од општинската зграда до Бреботекс ќе биде еднонасочна. Еднонасочна ќе биде и улицата „Бранд Петрушев“ до спојот со улицата „Коста Поп Ристов“, улицата „Олга Петрушева“ како и дел од улицата „Изворски“ (од спојот со улица „Крушевска“ до спојот со улица „Маршал Тито“).

Ве замолуваме да ги почитувате новопоставените сообраќајни знаци, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот во Богданци.

Извор: Општина Богданци