О.Богданци: Положено свежо цвеќе пред бистите на паднатите борци

По повод 26-ти Април, Денот кога пред 76 години излегле првите партизани од Богданци, Гевгелија и Гевгелиско, Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, Здружението на борците од Богданци и Гевгелија, членови на Општинското Здружение на Пензионери и ученици од ООУ „Петар Мусев“ положија свежо цвеќе на бистите на паднатите борци во Градскиот парк во Богданци.

На настанот свое обраќање имаше г-дин Јане Ташковски од Гевгелија, кој како претставник на Здружението на Борци го истакна значењето на овој ден и даде ретроспектива на случувањата.

По завршување на настанот претставници од Здружението на Борци и Пензионери имаа прием во Кабинетот на Градоначалникот, Блаже Шапов.

Извор: Општина Богданци