О.Центар: Наградени најдобрите наставници и ученици од сите општински училишта

Наградите кои Општина Центар традиционално ги доделува секоја година се доделуваат согласно претходно утврдени критериуми кои ги потврдуваат стручни комисии од секое училиште, а наградниот фонд предвидува еднократна парична награда во висина од 24.000 денари за наставниците и 15.000 денари за првенците на генерација.

„Наставниците кои денеска ги наградуваме покажале исклучителни резултати во својата работа, но и во односот со децата со кои секојдневно работат. Наградите се заслуга за нив, но и признание за целиот наставнички кадар, кој успешно се справува со предизвиците кои ги носат промените во образовниот процес, но и секоја нова генерација која доаѓа. На оваа манифестација ги наградуваме и најдобрите ученици – првенци на генерација. Упатувам посебни честитки до нив. Овие ученици во изминатите девет години од нивното школување покажале врвни резултати и го оствариле највисокиот просек, завршувајќи го основното образование како првенци на својата генерација. Освен тоа, овие ученици учествувале и на бројни општински и државни натпревари и покажале одлични резултати. Тие се вистински пример, дека со труд и работа ништо не е невозможно. „ – изјави Градоначалникот Саша Богдановиќ на свеченото доделување на наградите.

Наградите за наставниците од одделенска и предметна настава се потврда за нивната посветеност, квалитетна настава и успешна реализација на целокупниот воспитно-образовен процес. 

Оваа година, седумте најдобри одделенски наставници се: Десанка Спировскаод OOУ „ Гоце Делчев“,Сандра Здравевска од ООУ„Димитар Миладинов, Сузана Петрова од ООУ„Коле Неделковски“,Евдокија Петрушевска од ООУ„Ј. Х. Песталоци“,Анета Мицковскаод ООУ„Св.Кирил и Методиј“,Билјана Денкова од ООУ„Кочо Рацин“ и Елеонора Димитриовска од ООУ„11Октомври“.

Наградени наставници од предметна настава се:Елизабета Глишиќ од ООУ„ГоцеДелчев“,Анета Гоцева од ООУ„Димитар Миладинов, Лилјана Савиќ од ООУ „Коле Неделковски“,Васил Чочов од ООУ„Ј. Х. Песталоци“,Павлинка Цонева од ООУ„Св.Кирил и Методиј“,Весна Бојаџиева од ООУ„Кочо Рацин“ и Лепа Димовска од ООУ„11Октомври“.

Наградите за првенците на својата генерација имаат за цел да ги мотивираат учениците да го следат патот на своите соученици кои веруваат дека доброто образование и успех се единствен начин за оставрување на идни професионални цели.

Наградени ученици, првенци на генерација се: Ева Ставрева од ООУ„ГоцеДелчев“,Давид Тануровски од ООУ„Димитар Миладинов, Миа Чичкариќ од ООУ„Коле Неделковски“,Марија Петрова од ООУ„Ј. Х. Песталоци“,Наталија Димчовска од ООУ„Св.Кирил и Методиј“,Ана Бошнаковска од ООУ„Кочо Рацин“ и Сандра Недановска од ООУ„11Октомври“.

 

 Извор: Општина  Центар