O.Центар: Традиционален крос на учениците од Општина Центар

Општина Центар во континуитет поддржува спортски активности и натпревари во кои се вклучени децата, затоа што веруваме дека спортот е особено важен за психо-физичкиот раст и развој на децата.

На ден 18.04.2019 година се  реализираше традиционалниот атлетски крос на кој учествуваат ученици од седумте основни училишта од #НашЦентар, а за чија организација ни помогна Атлетскиот полициски клуб „7 мај“.

Им честитаме на сите ученици кои први стигнаа на целта и на сите останати кои учествуваа во кросот. 

Голема благодарност за поддршката на Фор ју – Гевгелија и Ефектива – Скопје.

Извор: Општина Центар