О.Центар: Уписите за првачиња во Општинското основно училиште “Капиштец“ 2019/2020 година

Општинското основно училиште “Капиштец“  се планира да започне со работа  од 01.09.2019 година за ученици од одделенска настава (I до V одделение).

Уписите за првачиња ќе се одвиваат во текот на месец Мај 2019 година, и тоа:

  • За учениците кои со живеалиште гравитираат околу ООУ “Кочо Рацин“, во ООУ “Кочо Рацин“,
  • За учениците кои со живеалиште гравитираат околу ООУ Ј.Х. Песталоци, во ООУ “Ј. Х. Песталоци“,
  • За учениците кои со живеалиште гравитираат околу ООУ “Гоце Делчев“, во ООУ “Гоце Делчев“.

При упис на првачиња задолжително напоменете дека барате упис во ООУ “Капиштец“. Уписите ќе се вршат исклучително врз основа на реонската припадност на учениците. (Реонизацијата на училиштата на територија на општина Центар е достапна за увид во секое општинско основно училиште на општина Центар)

Доколку, од непредвидливи причини и околности, училиштето не започне со работа во планираниот термин (01.09.2019), запишаните првачиња ќе го започнат образовниот процес во училиштето каде што поднеле документи за упис.

Извор: Општина Центар