О.Гевгелија: Делење пакети со прехранбени производи и хигиенски средства на лицата од социјално-ранливите категории

Во тек е акција на Општина Гевгелија за делење пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена на лицата од социјално-ранливите категории. Oд 130 пакета, 30 беа доделени на Гевгелиското Архиерејско намесништво за Божиќната хуманитарна акција која ја организираат МПЦ: „Свети Кирил и Методиј“ и „Свети Спас“.

Општинските екипи започнаа со делење на останатите пакети на 100 лица, корисници на социјални услуги (корисници на гарантирана минимална помош и Народна кујна и неработоспособни лица), по списокот доставен од ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа- Гевгелија. Акцијата ќе продолжи утре во населените места.

Извор: Општина Гевгелија