О.Гевгелија: Благодарници за градоначалникот Поцков – Денот на полициската превенција

По повод Денот на превенцијата во полицијата- 9 Декември, врачени се благодарници на градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков и Општина Гевгелија.

На состанокот, командирот на ПС ОН- Гевгелија, Миле Ангелков, заедно со заменик-командирот, Тања Ѓореска, ги доделија признанијата за несебичната поддршка на Градоначалникот и Општина Гевгелија во реализацијата на превентивните активности на СВР- Струмица.

Исто така, на средбата, Поцков, од страна на командирот Ангелков, беше информиран за мерките и активностите кои ги презема ПС- Гевгелија за справување со состојбата на подрачјето кое го застапува за време на КОВИД-пандемијата и секојдневните настани од областа на безбедноста.

Извор: Општина Гевгелија