О.Гевгелија: Дезинфекција на улиците

Службите на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија започнаа со акцијата за дезинфекција на улиците во Гевгелија и населените места. Акцијата се одвива во рамките на на заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот како една од мерките на Општинскиот штаб за заштита и спасување.             

Поради зголемениот бројот на новозаболени од Корона вирус во општина Гевгелија, градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, пренесе апел до граѓаните:

 – Aпелирам до граѓаните задолжително да носат заштитна опрема и да одржуваат физичко растојание! Само со доследно почитување на мерките ќе спречиме да се шири вирусот и да се намали бројот на новозаболени. Во време на пандемија, здравјето е заедничка одговорност!

Извор: Општина Гевгелија