O.Гевгелија: Доградбата на училници во СОУ “Ј. Јосифовски“ готова до новата учебна година

Доградбата на новите училници во СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија се одвиваат забрзано и сосема е реално да бидат готови до почетокот на новата учебна година.

Ова беше речено по вчерашната обиколка (15.05) на претставниците на Светска банка, Татјана Шадрунова, тим лидер и Орлин Диков, консултант, Тања Томиќ, главен координатор на МСИП проектот и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков на градилиштето. Притоа, беше извршен целосен увид на изведбените работи на изградбата на нови училници и објектот наменет за туристичко-угостителските паралелки. 

Во СОУ„Јосиф Јосифовски“ се градат 14 нови училници во СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија со што ќе се обезбеди едносменска настава и целосна енергетска заштеда во овој средноучилишен центар. Реализацијата на проектот чини 34.732.000 денари, кои средства се обезбедени со заем од Светска банка, како и сопствено учество на општина Гевгелија во износ од 5.665.000 денари.

Паралелно со изградбата на нови училници, во СОУ„Јосиф Јосифовски“ се одвиваат градежните работи за реконструкција на угостителскиот дел и ресторанот во центарот. Овој проект се реализира со заштедените 23 милиони денари од блок дотациите што училиштето ги добиваше во изминатите осум години.
Изведувач на работите е градежната фирма „Еуроинг“, која потрврдува дека училниците ќе бидат готови до почетокот на новата учебна година.

Извор: Општина Гевгелија