О.Гевгелија: Донесен Буџетот за 2021 година

Советот на Општина Гевгелија, на седница, со мнозинство гласови го донесе Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година. Буџетската рамка на Општина Гевгелија за идната година е проектирана на 479.459.132 денари, додека на Oсновниот буџет на 209.128.631 денари. Буџетската рамка беше утврдена согласно Законските ограничувања: на просечните буџетски остварувања во 2017, 2018 и 2019 година, плус 30%. Според градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, доколку предложениот Закон за зголемување на процентот на 50% ја добие собраниската поддршка, тогаш буџетската рамка за 2021 година ќе биде зголемена на 505.359.132 денари, додека приходите на Основниот буџет ќе изнесуваат 235.028.631 денари или 46,51%.

            -Тоа ќе ни овозможи поголем дел од средствата да бидат наменети за капитални расходи. Тука, сметам, пред се, на реализацијата на неколку капитални инфраструктурни проекти за подобрување на патната инфраструктура и квалитетот на живеење во урбаната средина. Имајќи предвид дека значаен дел од веќе обезбедените донации, во прв ред, германскиот грант од 2,5 милиони евра, ќе бидат наманети за подобрување и проширување на комуналната инфраструктура, вели градоначалникот Поцков.

Инаку, Општинскиот буџет беше донесен во две фази, најпрво, Советот на Општина Гевгелија расправаше по Нацрт-верзијата, а по јавната расправа, на денешната седница се најде и Предлог-верзија. Со тоа беше обезбедена целосна транспарентност во процесот на донесувањето на Буџетот на Општина Гевгелија. Градоначалникот на општина Гевгелија, оствари работна средба со претседателите на сите Месни заедници кои ги истакнаа евидентираните потреби на жителите во населените места. Покрај ова, сите граѓани на општина Гевгелија можеа да учествуваат во креирањето на Општинскиот буџет, со пополнување на анкетниот прашалник преку веб-платформата за Граѓанско учество во креирањето на Буџетот за 2021 година. Над стотина граѓани се јавија на апликацијата и пријавија или предлагаа предлози за дополнување на Буџетот.

Извор: Општина Гевгелија