O.Гевгелија: Фестивал на новиот германски филм во Гевгелија

Од 2 до 6 мај во Скопје, а од 15 до 18 мај во Гевгелија, во нашата земја ќе се одржува 14. Фестивал на новиот германски филм. Станува збор за ревија на најновиот германски филм, а за отворањето на фестивалот е предвидена комедијата „100 работи“, филм за тоа колку материјалниот свет нè поседува или ние го поседуваме него.

Како и секоја година, селекторите на фестивалот се обидоа да дадат разнолик пресек на современиот филм во Германија, носејќи ѝ на македонската публика драма, трагикомедија, комедија, семеен филм, детски, документарен и серија кратки филмови. Филмовите се грижливо избрани, со цел да задоволат разни вкусови и некои од нив имаат постигнато огромен успех на филмските фестивали, а еден беше и во конкуренција за Златна мечка на Берлинале, велат во амбасадата на Германија во Македонија, која всушност е и органиозатор на фестивалот.

На проекциите на германскиот филм се очекува присуствот на Хајнц Херманс, директор на Берлинскиот фестивал за кратки филмови „Интерфилм“ и познатата филмска монтажерка од Берлин, Алета фон Фитингхоф. Тие ќе одржат предавања и работилници со студентите по филмска уметност.

Извор: Општина Гевгелија