O.Гевгелија: Филмски фестивал “Џифони во Гевгелија“

На 31 мај и 1 јуни во Гевгелија ќе се одржи Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува во Гевгелија”.

Фестивалот е наменет за младите филмски фанови во земјата и ја промовира идејата на познатиот „Џифони Експирианс“ од Италија. Во текот на двата филмски денови во Гевгелија, младите вљубеници во филмот ќе гледаат филмови, ќе дискутираат и ќе креираат преку посебните работилници.

Фестивалот се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и фестивалот „Џифони Експириенс“, а во соработка со општина Гевгелија и Италијанската амбасада во нашата земја.

Фестивалот ќе се одржи во Домот на културата во Гевгелија.

Извор: Општина Гевгелија