О.Гевгелија: Финансиска поддршка за Месните заедници

Општина Гевгелија финансиски ќе ги поддржи активноститена Mесните заедници. На јавниот повик за пријавување на активности за финансиска подддршка се јавија само 7 Месни заедници.

Во Програмата за финансирање проекти, манифестации  и значајни настани на Месните заедници за 2021 година, усвоена на последната седница на Општинскиот совет годинава се предвидени 300.000 денари за активностите на месните заедници.          Во 2021 година, планирано е да се реализираат културните активности на населените места: Моин, Габрово, Прдејци, Богородица, Ново Конско, Давидово и Серменин, за кои претставниците аплицираа на јавниот конкурс, распишан од страна на Општина Гевгелија.

Од предвидениот Буџет во Програмата,  165.000 денари се наменети за Месните заедници кои се јавија на конкурсот, додека 135.000 денари се резервен фонд за оние Месни кои не се јавиле на конкурсот, а планираат да реализираат активности од посебно значење за живототот и работата на граѓаните во средините каде што живеат.   

Реализацијата на Програмата ќе се одвива согласно епидемиолошките услови, доколку се стабилизира ситуацијата со Корона вирусот, бидејќи, воглавно, во Програмата се предвидуваат активности какo: хепенинзи, панаѓурски дружења и забавни вечери.

Извор: Општина Гевгелија