O.Гевгелија: Гевгелиските матуранти ќе танцуваат на матурската парада

Гевгелиските матуранти, заедно со нивните врсници од другите македонски градови и центри во Европа, денес (17.05), точно на пладне, ќе го изведат танцот „Квадрил” од Штраусовата опера “Лилјакот”.

Во традиционалната матурска парада, која редовно се одржува во Гевгелија, ќе учествуваат 150- матуранти од СОУ„Јосиф Јосифовски“. Матурантите од Гевгелија, на шеталиштето во центарот на градот, ќе ги поздрави градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, Веднаш потоа, по звуците на Штраусовиот „Квадрил“ ќе танцуваат истовремено со иладници матуранти во Европа.

Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа “Уршка” во Љубљана. Иницијативата беше прифатена во повеќе земји во Европа, како и во повеќе македонски градови, меѓу кои и во Гевгелија. Всушност со овој танц матурантите го означуваат крајот на средното образование.

Извор: Општина Гевгелија