О.Гевгелија: И во услови на пандемија – Капитални инвестициони зафати

Гевгелија и во услови на пандемијата од КОВИД-19  продолжува сокапиталните инвестициони зафати.

Распишан е Меѓународниот тендер за ревитализација на Старата депонија кај реката Вардар која ќе се уреди во зелена површина.           

Претстои тендер за реализација на одобрените проекти со германски грант од 2,5 милиони евра преку КФВ банката – за изградба на атмосферска канализација во јужниот дел на Гевгелија, поврзување на Негорци и Прдејци со новиот водоснабдителен систем, како и реконструкција на водоводната линија за Богородица и граничниот премин.За реализација на првата фаза од доделениот грант од 900.000 евра од Министерството за транспорт и врски, наскоро ќе биде распишан тендер за изградба на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Мрзенци.           

Од истиот грант предвидена е изградба на „Јужна“ улица, долж Сува Река, од поранешна Касарна до Мостот, за што веќе е изработен проект. Претстои пробивање и тампонирање на продолжението на Западниот булевар. За реализација на сите овие капитални проекти финансиската конструкција е веќе затворена.

Извор: Општина Гевгелија