О.Гевгелија: Информативна табла за туристичка понуда во југоисточниот регион

Во општина Гевгелија, спроти стариот градски пазар, поставена е информативна табла која го промовира ЛАГ „Бојмија“ со цек да се зголемат општата и туристичка информираност на посетителите.

Вакви табли беа поставени во 4 општини кои ги опфаќа микрорегионот вo Југоисточниот плански регион: Богданци, Валандово, Гевгелија и Дојран, во рамки на проектот „Интегрирана информативна и туристичка понуда на ЛАГ „Бојмија“, финансиски поддржан од Агенцијата за финансиска поддшка во земјоделството и руралниот развој и општините од територијата на ЛАГ-от.

Здружените општини отвораат нови перспективи и можности за соработка во делот на брендирање а локални производи и услуги што е предуслов за подобра препознатливост на Лаг-от.

Извор: Општина Гевгелија