О.Гевгелија : Излезе од печат априлското издание на Гевгелиски Магазин

Излезе од печат априлското издание на Гевгелиски магазин, месечник што го издава општина Гевгелија. На 24 страници од ова општинско гласило се поместени повеќе написи и теми од секојдневието на општината во изминатиот период.

Тема на месечникот е општествената одговорност на гевгелиските компании и дали и колку ја применуваат. Додека пак на две страни презентиран е отчетот на градоначалникот на општина Гевгелија во изминатата година. Исто така, пренесено е интервјуто на градоначалникот Сашо Поцков за Фактор.


Страниците за репортажа овој пат се резервирани за Динќут и повторното реактивирање на овој познат спортско-рекреативен центар крај Моински пат, кој по втор пат ја доживува својата ренесанса. Покрај актуелностите за случувањата во општината, во весникот на три страници е презентирана богатата културна хроника во општината. Се разбира, се поместени и редовните рубрики за младите и спортот, како и „Хроника“ и „Со слика и збор“.

Извор : Општина Гевгелија