O.Гевгелија: ООУ “Ристо Шуклев“ од Негорци го одбележува патрониот празник

Основното училиште „Ристо Шуклев“ од Негорци денес (08.05) го одбележува својот патронен празник.

По тој повод, синоќа во Домот на културата во Негорци беше одржана културно-уметничка приредба, на која настапија ученици од неколку училишни секции. Денес учениците и наставниците во ова училиште положија цвеќе на спомен бистата на првоборецот Ристо Шуклев, која се наоѓа во дворот на училиштето. На чевствувањето на патронот на ова училиште присуствуваше и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, кој им го честита празникот.

Во чест на патрониот празник во ООУ„Ристо Шуклев“ беа организирани беа организирани спортски натпревари.

Извор: Општина Гевгелија