О.Гевгелија: Општината ќе ги поддржи активностите на НВО

Општина Гевгелија, годинава, за финансиска поддршкана НВО секторот од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2021 година планира Буџет во висина од 300.000 денари.

Во Програмата што ја усвои Советот на Општина Гевгелија, предвидени се активностите на 18 невладини организации од општина Гевгелија, генерално, од областа на: екологијата, спортот, културата, пчеларството, хуманитарните акции и сл.              

Целта на Програмата е создавање услови и во време на пандемија за реализација на активностите на граѓаните и здруженијата на граѓани од различни интересни групи, поддршка на проекти со кои ќе се задоволат поголеми групи- граѓани, истовремено почитувајќи ги пропишаните мерки за заштита од КОВИД-19. Но, и унапредување на соработката помеѓу Општината и НВО секторот.             

За разлика од минатата година, кога Буџетот за оваа програма изнесуваше 700.000 денари, годинава финансиската поддршка е намалена. Причина за намалување на финансиските средства со кои се планира да се поддржат активностите на невладините организации, е пандемијата од КОВИД-19.

Извор: Општина Гевгелија