O.Гевгелија: Потпишан меморандум за соработка со Институтот “Европа за тебе“

Општина Гевгелија и Институтот за европско образование, социјално-културни и економски политики „Европа за тебе“ од Скопје на ден 15.05.2019г. потпишаа Меморандум за соработка за спроведување истражување, креирање и развој и промоција на европското образование, социо-културни и економски политики.

Ваквата заедничка цел и соработка ќе се остварува преку аплицирање и учество во проекти за унапредување на едукативните, економските и социо-културните услови во нашата земја.

И тоа, преку организирање на заеднички работилници, тркалезни маси и семинари, како и објавување на печатени и електронски публикации.

Извор: Општина Гевгелија