О.Гевгелија : Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев го посетија новиот водоснабдителен систем во Гевгелија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков и директорот на јавното претпријатие „Комуналец“-Гевгелија, Златко Зумров, денес го посетија новиот водоснабдителен систем во Гевгелија.

dav


Преку овој систем за водоснабдување со чиста и здрава вода се снабдуваат мад 16.000 жители од гевгелискиот регион.
За време на обиколката на бунарите во Мрзенска ада, кај Гевгелија, кои се дел од системот за водоснабдување, градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков посочи дека е решен долгогодишниот проблем на гевгеличани со водоснабдувањето.

Пред се, поради присуството на арсен во водата за пиење, што претставуваше сериозен проблем за кој алармираа граѓаните уште од 2012 година. Затоа, беше изграден целосно нов систем за водоснабдување, кој денеска ги снабдува граѓаните со чиста, здрава и питка вода, со добиениот заем од Светска банка, но и грант од ЕУ. 
Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев имаа прилика да ги посетат просториите каде што се наоѓаат пумпите и системите за регулација и се информираа за проектот, изградбата и перформансите на системот за водоснабдување, како и механизмите за контрола и регулација со кои е решен проблемот и обезбедена чиста вода за пиење за Гевгелија и околните села.

Извор : Општина Гевгелија