О. Гевгелија: Променет сообраќаен режим на автопатот Гевгелија-Смоквица

Режимот на сообраќај на автопатската делница Смоквица-Гевгелија, пред влезот на Гевгелија, ќе биде променет од 23 април, до 26 април годинава.
Во наредните четири дена на патот Смоквица-Гевгелија, пред влезот на Гевгелија, во близина на бензинската станица ќе се изведуваат градежни активности при поставување индуктивни јамки, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Извор: Општина Гевгелија