O.Гевгелија: Спасовден 2019 – Концерт на ансамблот Македонија

По повод празникот Спасовден, патронот на Гевгелија, ЈОУ Дом на култура вчера, 5 јуни, организираше концерт на ансамблот „Македонија“.

Ансамблот, составен од студенти на отсекот по етно кореологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, пред гевгеличани се претстави со 10 градски ора и песни од повеќе краеви на Македонија, меѓу кои и ора и песни од селото Ума.

Концертот се одржи на платото пред библиотеката „Гоце Делчев“ со почеток од 20 часот. Ансамблот „Македонија“ е репрезент на македонската традиционална култура. Единствен во државата, од ваков тип, во ансамблот настапуваат студенти, под раководство на стручни лица од областа на традиционалната игра, инструменти и пеење.

Извор: Општина Гевгелија