О.Гевгелија: Трета обука за мали и средни претпријатија

Во тек е серијата на обуки кои се одржуваат во рамки на проектот „Акцелератор на знаења за МСП“. На третата по ред обука предавач ќе биде Проф. д-р Алек Караев на тема „Основни менаџерски вештини“.

Проектот е кофинансиран од страна на Европската Унија преку ИПА 1 програмата, приоритетната област „Подобрување на капацитетите на МСП за иновации, истражување и развој, соработка помеѓу јавниот, приватниот и образовниот сектор“, а е координиран од Кабинетот на заменик на претседател на Влада на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори.

Обуката ќе се одржи на 3 и 4 мај 2019 година, во мотел „Вардар“, со почеток во 13.30 часот.

Извор: Општина Гевгелија