O.Гевгелија: Учениците од СОУ “Ј. Јосифовски“ даруваа крв

Учениците во СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија зедоа учество во хуманитарната акција за крводарување.

Во редовната крводарителска акција 28 ученици доброволно даруваа крв во оваа хуманитарна акција.

Оваа традиционална крводарителска акција ја организираше Oпштинската организација на Црвениот крст на Гевгелија заедно со екипа од Републичкиот завод за трансфузиона медицина од Штип.

Извор: Општина Гевгелија