О.Гевгелија: Учениците во ООУ “В. Кантарџиев“ со медаљи се вратија од Малите олимписки игри

Учениците од ООУ„Владо Кантарџиев“ во Гевгелија, од Малите олимписки игри во Куманово се вратија со повеќе медаљи.

Ученичката Нина Попова го освои второто место во фрлање на ѓуле, Тодор Узунчев го освои третото место во скок во височина, Меглена Лазаровска го освои второто место на 600 м, додека Капсаров Костадин го освои второто место во трката на 100 м.

Ова е најмасовната спортска манифестација во државата, која се реализира во образовниот систем од страна на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Куманово, а под покровителство на Министерство за образование и наука, и Агенција за млади и спорт. Во овие игри настапија над 1000 ученици од најдобрите квалификувани спортски екипи од сите општини во државата од основните и средните училишта во повеќе спортови, како футсал, фудбал и атлетика.

Учениците од ООУ „Владо Кантарџиев“ учествуваа на Малите олимпијски игри беа предводени од наставникот Влатко Семенаков.

Извор: Општина Гевгелија