О.Гевгелија: Уште 4 дена – Конкурси за финансиска поддршка на МЗ и НВО

Oпштина Гевгелија ги објави конкурсите за финансиска поддршкана Програмите на Месните заедници во општина Гевгелија за организирање културни активности во 2021 година и програмски активности на ЗГ од Гевгелија.

На Конкурсите имаат право да учествуваат сите активни Месни заедници, со легитимни органи на управување, коишто ги претставуваат интересите на жителите од своето населено место сите регистрирани здруженија и фондации со седиште во општина Гевгелија согласно Законот за здруженија и фондации.            Конкурсите траат 30 работни дена сметано од 26 октомври до 25 ноември, 2020 година.

Пријавите со потребните документи апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсите, со назнака: „Конкурс за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2021 година“ и  „Конкурс за финансиска поддршка на Програмите на Месните заедници во општина Гевгелија за организирање културни активности “.           

Резултатите од конкурсите ќе бидат во вид на Програма за финансирање програми и проекти која ја носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе биде објавена во Службен гласник и веб-страницата на Општината.            Дополнителни информации за Конкурсите и можат да се добијат на тел.: 034/211-211 и на веб-страната на Општина Гевгелија.

Пријавите за аплицирање за финансирање на културните активности на Месните заедници и програмските активности на Здруженијата на граѓани апликантите можат да ги преземат од веб-страната на Општина Гевгелија: http://www.gevgelija.gov.mk/

Извор: Општина Гевгелија