О.Гевгелија: Влезниците за кошаркарскиот куп пуштени во продажба

Влезниците за Кошаркарскиот куп на Македонија, кој од 12-14 април ќе се одржи во Гевгелија веќе се пуштени во продажба. Комплет влезниците, за четвртфиналните натпревари кои се играат во петок, на 12 април, чини 200 денари, за полуфиналните натпревари, кои се играат во сабота, 13 април, по 100 денари, а за финалниот натпревар во недела, 14 април, исто така по 100 денари. Секое лице може да купи најмногу по две влезници, односно комплети, со лична карта или патна исправа.


Влезниците, кои ќе бидат нумерирани, како и седиштата во спортската сала „26 април“ ќе се продаваат на билетарницата пред спортската сала, и тоа, во четврток од 8 до 20 часот, во петок, од 8 до 10 часот, додека во сабота и недела влезници ќе можат да се купат од 8 до 11 часот.


При влегувањето во спортската сала „26 април“ на четвртфиналните и полуфиналните натпревари секој гостин со влезница ќе добие рачна алка со која ќе може повторно да се врати назад на натпреварот. Повторен влез е можен само со покажување на поништената влезница и неуништенаста рачна алка.

Извор: Општина Гевгелија