О. Ѓорче Петров: Донирани фустани за полуматурантите од основните училишта во општина Ѓорче Петров

Секое дете ни е важно!
Општина Ѓорче Петров на 05.06.2019 година беа во хуманитарна акција. Да се помогне онаму каде е најпотребно, овој пат на полуматурантите.
Педесетина деветооделенки од 6-те основни училишта во општината ќе им се радуваат на донираните фустани за полуматурската вечер.

Идејата за оваа акција потекна од Социјалната општинска патролна служба која ги обезбеди фустаните и се погрижи акцијата да помине во најдобар ред.
Со среќа во новото поглавје од животот и уписот во средното образование!

Извор: Општина Ѓорче Петров