О.Ѓорче Петров: Исчистен е каналот лоциран кај ООУ ,,Тихомир Милошевски”

Саниран е текот на Новоселскиот канал кој поминува веднаш позади основното училиште ,,Тихомир Милошевски”. Расчистена е згуснатата вегетацијата, наталожената тиња, како и отпадот фрлен од несовесните граѓани во изминатите години.


Апелираме до сите граѓани да не фрлаат отпад во каналите, со што ги затнуваат и се отежнува протокот на водата.


Локалната самоуправа продолжува со секојдневното одржување на јавната хигиена на територија на Ѓорче Петров.

Извор: Општина Ѓорче Петров