О.Ѓорче Петров: Изведба на водоводна мрежа на улица 20 во село Волково

Општина Ѓорче Петров го подобрува пристапот до чиста и питка вода на жителите во општината.


Се работи на реконструкција и довршување на изоставениот дел од водоводната мрежа во руралниот дел на општината.

Во моментов се изведува кружен ток и довршување на водоводната мрежа на повеќе краци на улица 20 во село Волоково.


Динамиката на реализација ја диктираат планот и средствата со кои располагаме.

Континуирано работиме на подобрување на условите за квалитетно водоснабдување на граѓаните.

Извор: Општина Ѓорче Петров