О.Ѓорче Петров: МОНИВ Интернационал, локален бренд во светски предзнак

Градоначалникот Александар Наумоски, беше во работна посета на  МОНИВ Интернационал, компанија која е позитивен пример како семејниот бизнис може да добие интернационален предзнак. МОНИВ веќе успешно функционира на општина Ѓорче Петров од 2018 година.

-Горд сум што во нашата општина успешно функционира фирма која произведува и извезува делови за камиони и автобуси и станува бренд за ламели во Америка, Русија, Азија и Африка, истакна Наумоски.

Покрај економските последици кои оваа здравствена криза ги остава зад себе, МОНИВ  ги продолжи своите инвестиции, преку отворање на  нови работни места.

Општината, преку Бизнис клубот останува отворена за соработка со сите компании се во интерес на економскиот развој на локалната самоуправа и зголемување на вработеноста.

Извор: Општина Ѓорче Петров