О.Ѓорче Петров: Осум лаптопи и девет таблети наменети за наставниците

По пат на донација, општина Ѓорче Петров  обезбеди уште осум лаптопи и девет таблети за спроведување на онлајн наставата. Овојпат, уредите се наменети за наставниот кадар а целта е да им се помогне на учителите непречено да се одвива наставниот процес.

Донацијата е поттик за нови уште поголеми образовни успеси и напредок во сите сегменти на воспитно-образовниот процес. Воедно е силен показател за лична и општествена одговорност во помагање на училиштата во услови на пандемија.

Претходно, општината на шестте основни училишта им донираше 428 таблети наменети за социјално ранливи ученици.

Извор: Општина Ѓорче Петров