O. Ѓорче Петров: Пролетна офанзива за разубавување и раззеленување

По барање на жителите, ЈП ,,Паркови и зеленило”  на неколку локации во општината, работеше на кастрење на крошните на дрвјата, сечење на суви дрвја како и на дрвја кои претставуваат потенцијална  опасност за минувачите, возилата и објектите. За секое исечено дрво, на истата локација или во близина ќе биде засадено ново дрво.

Паралелно се работи на  хортикултурно  уредување на јавните површини. На две локации  беа засадени 500  цветни садници со темјанушки.

Да создадеме чисто и зелено Ѓорче за сите.

Извор: Општина Ѓорче Петров