O. Ѓорче Петров: Пролетна офанзива за зелено Ѓорче

Во соработка со ЈП,,Паркови и зеленило” комуналните служби на ден 16.04.2019 година беа во акција на косење трева во Реонскот парк и Паркот пред надвозникот за населбата ,,Даме Груев”.

Истовремено се работеше и на отклонување на отпад од повеќе локации низ општината. За два дена изнесени се 6 камиони со ѓубре.

Примарна цел ни е да обезбедиме чисти и зелени површини.

Придонесот на секој граѓанин ни е важен. Заедно да се избориме за здрава животна средина како влог во иднината на нашите деца.

Извор: Општина Ѓорче Петров