О.Гостивар: Асфалтирање на кракот на улица Боге Вељаноски во населба Карагач

Ги информираме граѓаните дека утре (четврток) ќе започнат градежните работи за асфалтирање кракот на улица Боге Вељаноски во населба Карагач, со должина 365 м и ширина од 5 м.

Додека траат работите, сообраќајот на возила и пешаци ќе се одвива во отежнати услови, па затоа ги молиме граѓаните за разбирање.

Извор: Општина Гостивар