О. Гостивар: Реконструкција на улицата “Слободан Пепоски”

Ве известуваме дека од 18.05.2019 година  започнати се  градежните работи за реконструкција на улица “Слободан Пепоски”, која ја поврзува улицата кон градската болницата со улица “ЈНА“.

Реконструкцијата вклучува гребење и ископ на постоечкиот асфалт и поставување на нов асфалтен слој.

Додека ќе траат работите, сообраќајот на возила и пешаци ќе се одвива во потежнати услови, а во одредени временски периоди ќе биде и во прекин.

Општина Гостивар ви се заблагодарува за разбирањето.

Извор: Општина Гостивар