О.Илинден: Есенска дератизација и дезинфекција

Како дел од Програмата за заштита на населението од заразни болести за 2020 година, стручни екипи извршија редовна есенска дератизација за уништување на глодарите и дезинфекција на јавните објекти на територија на општината. 

Со дератизацијата се опфатени 550 шахти што се наоѓаат на јавните површини во општина Илинден. Дезинфекција е извршена на 3300 метри квадратни во која се опфатени сите јавни површини и јавни општински установи.

Во насока на спречување и сузбивање на заразни болести и инфекции општина Илинден во континуитет ги презема сите потребни мерки за заштита на населението. Сепак, како што вели градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, за успешно решавање на проблемите од оваа област неопходна е координација и заедничко настапување на целиот Скопски плански регион.

Извор: Општина Илинден