О.Илинден: Фудбалскиот клуб Кадино влегува во Втората македонска фудбалска лига

Фудбалскиот клуб Кадино од Општина Илинден на 31.05.2019 година го одбележа влегувањето во Втората македонска фудбалска лига. Во натпреварувачката сезона 2018/2019 ФК Кадино го освои првото место во Северниот регион и со тоа направи историски успех.

По тој повод беше организиран настан на фудбалското игралиште во Кадино на кој покрај големиот број граѓани-љубители на фудбалот, стопанственици и гости присуствуваа и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, како и претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

Во своето обраќање до присутните градоначалникот Стојановски на фудбалерите на Кадино им го честиташе влегувањето во Втората лига, посакувајќи им уште многу вакви моменти на успеси. Тој им се заблагодари на жителите на н.м. Кадино за поддршката, како и на управата на клубот за нивната посветеност во работата, а најмногу на фудбалерите за нивната пожртвуваност и упорност во постигнувањето на овој успех. Тој истакна дека Општината и во иднина ќе инвестира во изградба на квалитетна спортска инфраструктура која е основен предуслов за постигнување на високи спортски резултати, како и овозможување на младите да имаат простор за истакнување на своите спорстки и рекретаивни способности.

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, заблагодарувајќи се за поканата да присуствува на еден ваков настан и честитајќи им го успехот на фудбалерите на Кадино, истакна дека му е чест и задоволствио што е гостин во општина каде што има клубови кои што напредуваат и добри спортски терени. Тој додаде дека Општина Илинден е пример за тоа како се прават успешни спортски резултати.

Извор: Општина  Илинден