О.Илинден: Меѓу првите во регионот за рециклирање на стаклена амбалажа

Во рамки на регионалниот проект “Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“, кој се реализира од страна на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), што се спроведува во три држави: Србија, Македонија и Босна и Херцеговина, Општина Илинден е една од првите шест општини и градови во регионот во кој ќе се спроведуваат активности за унапредување на системот на собирање на стаклена амбалажа и адекватен третман на овој отпад.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски учествуваше на регионалната онлајн конференција истакна дека се чувствува привилегирано што општина Илинден, доби можност да биде една од првите шест општини и градови во регионот во кој ќе се спроведуваат активности за унапредување на системот на собирање на стаклената амбалажа и соодветен третман на овој отпад. 

Се надевам дека ќе обезбедиме релевантни искуства кои ќе претставуваат соодветна основа за анализа, во насока на создавање на соодветна инфраструктура за собирање на стакло во општините, а понатаму и за развивање на бизнис модели за рециклажа на стаклото. За жал, според реалните показатели и индикатори, во целиот регион, запоставено е собирањето на овој отпад. Причините се многубројни и убаво се утврдени во самиот Проект, па ние треба да покажеме дека сакаме и можеме успешно истите да ги надминеме.

Целта на проектот е соработка во вопспоставување синџир на вредности за собирање и рециклажа на отпад од стакло како и едукација на граѓаните.

Работејќи заедно можеме преку економија на обем да се зголеми процентот на собрана количина на отпад од стаклена амбалажа, преку моделот на примарна селекција.

Основниот пристап е соодветно собирање, и обезбедување предуслови за третман и рециклажа на стакло во регионот, односно обезбедување на капацитети за рециклажа.

Активно вклучување на единиците на локалната самоуправа, односно општини и градови е неопходно за регионални искуства во управување со отпад од стаклена амбалажа, за одржлив развој и зачувување на животната средина.

Регионални резултати, искуствата, стекнување на знаење кое ќе ни помогне во иднина многу подобро да собереме и рециклираме стаклена амбалажа.

Стаклото се рециклира во целост и таа постапка може да се повторува, Рециклажа на 1 тон стакло штеди околу 40% енергија и 50% вода потребна за негово производство.

 Фактите говорат дека, со рециклирање на само едно стаклено шише, се заштедува енергија доволна за сијалица од 100 вати да свети 4 саати, или компјутерот да може да работи 25 минути.

Потребно е заедно да обезбедиме подигање на свеста кај целокупното население, од најмладите до највозрасните, дека стаклото не треба да го третираме како обичен отпад, туку како скапоцена суровина. Затоа стаклената амбалажа треба да ја ставаме на вистинското место, во зелените контејнери што со овој проект ги обезбедивме за оваа намена. Општина Илинден има поставено петнаесет контејнери а дополнително ќе бидат поставени уште 15 вакви контејнери, популарно наречени „ѕвона“. Сметам дека ќе обезбедиме огромни придобивки доколку создадеме услови за континуирано собирање на доволна количина од оваа суровина која би обезбедила отворање на индустриски капацитети за преработка на стакло. Како општина, која досега покажа и докажа дека е пријателски расположена кон бизнис заедницата и е домаќин и партнер на повеќе од 500 индустриски капацитети во неа, отворено го нудам нашето гостопримство и за реализација на една ваква нова и корисна бизнис идеја исткна Градоначалникот Стојановски.

Извор: Општина Илинден