О.Илинден: Оптички интернет во училиштата и градинките

Согласно препораките од Министерството за образование и наука (МОН), за одржување на онлајн настава во училиштата, поради пандемијата со Ковид 19, Општина Илинден во сите Јавни општински образовни установи на територија на општината обезбеди нови интернет конекции. 

Со новата интернет конекција се обезбедија и исполнија условите за брзо и квалитетно следење на воспитно образовниот процес во училиштата. 

Во ООУ ,,Гоце Делчев” се инсталираше симетричен оптички интернет со брзина од 200Мbps/200Mbps, download и upload.

Во ООУ ,,Ристо Крле” – Кадино поставен е интернет со брзина до 60 Mbps, до почетокот на новата учебна година ќе биде инсталиран симетричен оптички интернет со брзина од 200Мbps/200Mbps, download и upload.

ООУ ,,Браќа Миладиновци” – Миладиновци доби интернет со брзина до 60 Mbps.

СОСУ ,,Илинден” населба Илинден доби симетричен оптички интернет со брзина од 200Мbps/200Mbps, download и upload.

Покрај училиштата, нови интернет конекции се инсталираа и во детската градинка ,,Гоце Делчев” во Илинден, каде се постави симетричен оптички интернет со брзина од 200Мbps/200Mbps, download и upload, и во новоизградената детска градинка во Миладиновци интернет се инсталираше со брзина до 60 Mbps.

Со цел успешно и квалитетно пренесување на наставните содржини во училиштата и градинките кои се предвидени за учењето од далечина, квалитетот на интернет конекцијата е од огромно значење, за квалитетно реализирање на образовните програми.

Извор: Општина Илинден