О.Илинден: Промоција на книги на седуммина млади автори

Bо Домот на култура „Илинден“, во рамките на 20-та Литературна манифестација „Илинден 2019“, се одржа промоција на книги на седуммина млади автори.

На присутните љубители на литературата со по неколку песни од нивните книги им се претставија младите автори Ирена Јурчева, Магдалена Чапаровска, Филип Димковски, Томислав Каранфиловски, Христина Цветаноска, Моника Стојанова и Наде Поп Гаврилова.

Промотор на книгите беше Марина Мијаковска, која обраќаји им се на присутните истакна дека станува збор за поети кои се одликуваат со сопствена поетика и впечатлив стил кој внесува свежина во македонската книжевна сцена. Притоа, таа им посака да продолжат да го збогатуваат книжевното небо со нови песни како ѕвезди.

Извор: Општина Илинден