О.Илинден: Санација на улици оштетени при изградба на фекална канализација во Кадино

Во рамки на проектот за реконструкција на улици оштетени при изградба на фекална канализација, Општина Илинден работи на асфалтирање на улиците во населено место Кадино, кои беа оштетени при изградбата на фекалната канализација. 

Извршено е асфалтирање на улици во должина од 600 метри, а во наредниот период ќе се продолжи со реконструкција и на останатите улици кои се оштетени при изградбата на фекалната канализација во овој дел на населеното место Кадино. 

На овие улици изградена е фекална канализација која е еден од приоритетните проекти на Општина Илинден, особено во деловите кои подлежат на високо ниво на подземни води, како што е овој дел во Кадино. 

Во ова населено место досега изградени се два сегменти на фекалната канализација со пречистителна станица, со што е овозможено приклучување на повеќе од 600 домаќинства кон канализацискиот систем, со што се придонесува за заштита на животната средина како и поквалитетен живот на граѓаните.

Извор: Општина Илинден