О.Илинден: Свечено испратена 10-та генерација дечиња од постоењето на градинката „Гоце Делчев“

Градинката „Гоце Делчев“ на ден 07.06.2019 година ја испрати 10-та генерација дечиња од постоењето на градинката. На прекрасно поставената сцена во дворот на градинката, пред поголем број на родители и гости, во приредба за незаборав, дечињата со песна и игра го одбележаа завршувањето на предучилишното образование.

Јубилејната 10-та завршна приредба беше посветена на основањето, растот и развојот на градинката, којашто од 64 дечиња колку што згрижуваше на своите почетоци во 2009 година, денес е една од најголемите градинки во земјата којашто згрижува 430 деца во групите Сонце, Цвет, Ѕвездички, Јаготка, Буба Мара, Пеперутка, Виножито, Крувче, Јаболче, Пчелка, Снегулка, Срничка, Виножито, Сончоглед, Детелинка и Кокиче.

Со своите воспитувачки и негувателки се поздравија 90 деца од групите Пеперутка,  Буба Мара,  Кокиче и Ѕвездички кои ги минуваат последните денови во градинката, а од септември ќе седнат во училишните клупи.

На малите дипломци-идни првоодделенци Општина Илинден им посакува многу здравје, среќа, радост и успех во школувањето.

Извор: Општина  Илинден