О.Карпош: Дезинфекција на сите школи

Од денес овластената фирма за дезинфекција, дезинсекција и дератизација која ја ангажираше Општина Карпош, продолжува со дезинфекција на останатите девет основни општински училишта, пред стартот на наставната година од 1 октомври. Минатата недела беше целосно дезинфицирано ООУ „Лазо Трповски„ во Карпош 3, а од утре ДДД заштитата (дезинфекција, дезинсекција и дератизација) ќе продолжи во ООУ „Петар Поп Арсов, во Карпош 4, „Аврам Писевски“ во Бардовци и „Христијан Тодоровски Карпош“ во Карпош 1.

Во вторник ќе се дезинфицираат просториите на училиштата „Јан Амос Коменски“ во Тафталиџе 1 и „Братство“ во Тафталиџе 2. Во среда, 23 септември ќе се врши ДДД прскање во „Војдан Чернодрински„ кај Млечен, како и во школото „Владо Тасевски“ во Козле и во  „Вера Циривири Трена“ во Карпош 2.

Се предвидува целосната дезинфекција, дезинсекција и дератизација во основните училишта во Карпош да заврши во четврток, 24 септември, односно една недела пред учениците да почнат со наставата.

Инаку, Општина Карпош спроведува сеопфатна дезинфекција во предучилишните и училишните установи секои шест месеци во годината, а годинава имавме и вонредна дезинфекција во март поради вонредната состојба со пандемијата. Интенција на  локалната самоуправа е сите установи безбедно ќе ги пречекаат учениците во новата учебна година и да им обезбеди здрави и  хигенски услови за престој и работа.

Извор: Општина Карпош