O.Карпош: Доделени решенија на првенците на генерацијата

Денеска, 12.06.2019 (среда), со почеток од 10:30 часот,  во интерактивната училница во  ООУ „ Лазо Трповски“- Фонтана,  градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев им ги додели решенијата на десетте првенци на генерација од општинските основните училишта во локалната самоуправа.

Најдобрите ученици,  со одлука на Советот на Општина Карпош,  ќе добијат по 10.000 денари еднократна парична награда.

Извор: Општина Карпош