О.Карпош : Хортикултурно уредено платото на Порта Влае

Општина Карпош изминатиов викенд хортикултурно го уреди и платото кај Порта Влае. Во жардиниерите се засадија повеќе украсни грмушки, со кои ќе се зголеми зеленилото на овој потег.

Од локалната самоуправа известуваат дека веќе започнала и пролетната акција за засадување на нови дрвјa, во населбите Козле, Тафталиџе 2 и Карпош 4.

Во претстојниот период, ќе се засадат уште 237 дрвја на територијата на Општина Карпош.

Извор : Општина Карпош