О.Карпош: Хортикултурно уреден кружниот тек во Тафталиџе 1

Заврши хортикултурното уредување на кружниот тек во Тафталиџе 1, непосредно до СУГС „Георги Димитров“.Засадени се украсни грмушки и растенија, со цел да се зголеми зелениот појас во овој дел од Општината.

Уредувањето на кружниот тек е донација од градинарскиот центар „Хорти Дизајн“, компанија која ја покажа својата општествената одговорност и даде придонесво заштитата на животната средина.

Општина Карпош продолжува со секојдневното надоместување на изгубеното зеленило. Во пролетната акција се засадија 287 нови дрвја, а хортикултурно се уредија и платоата во Карпош 3, Порта Влае и „Млечен“.

Извор: Општина Карпош