O.Карпош: Хуманитарна акција “Подај рака – донирај за својот сосед”

Од денес, вторник, 14. мај, до петок, 20. мај, Општина Карпош организира хуманитарна акција за семејствата во потешка материјална состојба. Акцијата се состои во прибирање на донации во прехранбени и хигиенски производи кои, потоа, ќе им бидат доделени на семејствата кои се во социјален ризик.

Општината ги повикува сите граѓани на Карпош, кои се во можност, да се придружат на оваа хуманитарна акција и да покажат што поголема солидарност со своите соседи.

Донираните производи треба да се однесат во просториите на 14-те  урбани и месни заедници низ општината, во период од 07:30ч. до 15:30 часот, секој ден, до петок.

Во акцијата подеднакво се вклучува и општинската администрација.

Извор: Општина Карпош