О.Карпош: Инфраструктурни зафати во Нерези

Општина Карпош започна со санирање на ударните дупки  на улицата „Партизанска“ бр. 7 во населбата Нерези. Изведувач на градежните работи е фирмата „Ленди Груп”, која интервенираше со поставување на нов тампон и два слоја асфалт на оштетениот коловоз.

Локалната самоуправа ја ангажираше и фирмата „Изградба”, која ја корегираше пристапната пешачка патека во должина од 30 метри со нови бекатон плочки, на потегот од паркингот на ул. „Ванчо Мицков“, до тротоарот на булеварот „Партизански одреди“

Извор: Општина Карпош